ВИДЕО: Одбранетиот зицер на Петковска втора најатрактивна одбрана на колото!

Женската ракометна репрезентација на Македонија забележа пораз од Германија на домашен терен со 27-35, во натпревар од петтото квалификациско коло за Европското првенство.

На натпреварот со фаворизираниот противник покажаме и добра и лоша игра, а еден блескав момент беше забележан од страна на ЕХФ.

Голманката Драгана Петковска, зад своето име запиша три одбрани на оваа средба, при што една од нив се најде во изборот на петте најдобри во рундата од европските квалификации.

Ракометната репрезентација на Македонија вчера отпатува во Словенија, каде во Велење ќе ги продолжи настапите во квалификациите за Европското првенство.