• Горан Упале

Екипата на Вардар пред два дена запиша нов пораз во Лигата на шампионите, овој пат на гости кај стариот познаник Киелце.
„Црвено-црните“ повторно немаа решение за расположениот напад на полскиот шампион, а она што е за издвојување од овој дуел е одбраната на Робин Кантегрел по силниот удар на Лијевски од девет метри. Токму оваа интервенција на францускиот голман си доби место меѓу најдобрите на колото во Лигата на шампионите.
- Најдобрите пет одбрани на колото во ЛШ:
На овој дуел вардаровите голмани повторно беа под своето ниво, Кантегрел запиша четири, додека Ристовски само една одбрана.