„Од времето во Барса најмногу ме боли поразот од Вардар во ЛШ!“

Речиси сите поранешни и актуелни играчи на Барселона од ростерот на мечот со Вардар жалат за болниот пораз на Ф4-турнирот во Лигата на шампионите. Еден од нив е и српскиот интернационалец Немања Илиќ, кој призна такво нешто.

30-годишниот играч на француски Тулуз беше позајмен баш во таа 2019 година во редовите на Барселона, а истакна дека поразот од Вардар го гледа како најголема болка во таа една година во шпанскиот гигант. На таа завршница, македонскиот тим се врати од седум гола негатива, влезе во финале, па стана европски првак.

„Барселона беше одлично искуство за мене. Единствено нешто кое ме боли е поразот на Ф4-турнирот во Келн од Вардар во рамки на Лигата на шампионите. Ама, шансата да играм на тој турнир беше голема привилегија за мене“, изјави Србинот.

Немања, кој е брат на екс-играчот на Металург, Вања Илиќ, во моментов уште е член на Тулуз каде игра од 2013 година.