„Нека Вардар го повтори ланскиот успех во ЛШ!“

Екипата на Висла Плок ги заврши настапите во Лигата на шампионите откако одигра реми против Вардар (31-31), а стратегот на полскиот тим, Пјотр Пжибецки, по дуелот им честита на вардарци и им посака да го повторат ланскиот успех.

„Би сакал да им честитам на ракометарите на Вардар за пласманот во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Им посакувам да го повторат ланскиот успех. Екстремно сум горд на мојот тим, одигравме меч на највисоко ниво. По овој меч не успеавме да одиме понатаму во Лигата на шампионите, но ние сме во фаза на развој и се надевам дека ќе бидеме поуспешни наредната година“, изјави Пжибецки.

Збор на конференцијата имаше и Игор Жабиќ. 

„Горд сум на соиграчите затоа што не откажавме од нашата цел и се носевме цел меч. Се обидовме да победиме во Скопје, а сите знаеме колку е тешко да се победи со ваков Вардар кој исто има и гласни навивачи“, истакна тој.

Висла ги заврши настапите во групата на претпоследното место, пред ППД Загреб кој е „фенерџија“. Во наредната фаза од групата А покрај Вардар одат уште Нант, Барселона, Рајн Некар, ПИК Сегед и Кристијанштад.