• Горан Упале
Македонската репрезентација до 20 години не успеа да се избори за пласман во четвртфиналето на Европското првенство во Словенија, но сепак, од таму ни доаѓа убава вест.
Македонија и идното лето ќе настапи на голем ракометен собир. Имено, за јули 2025 година е закажано Светското првенство во Полска, на кое учество обезбедија и нашите надежи.
Благодарение на остварениот пласман на овој шампионат, но и на денешната победа на Полска над Украина, нашите ракометни надежи се пласираа на следниот Мундијал.
Имено, на следното Светско првенство од Европа право на учество имаат шеснаесет селекции, а самиот факт што Полска е меѓу најдобрите шеснаесет селекции на ова Европско првенство, тоа значи дека сите останати петнаесет селекции добиваат виза за планетарниот собир идното лето.
Македонија ќе игра на СП У21 што следната година ќе се одржи во Полска, благодарение на остварениот пласман на тековното М20 ЕХФ Еуро.
Македонија, во битката за што подобар пласман ќе игра со репрезентациите на Франција, Полска и Романија.