• Александар Ковачев

Во претпоследниот натпревар од СЕХА лигата ракометарите на МАКС Струмица беа поразени на домашен терен од Веспрем со 23-37. По натпреварот, иако разликата е висока домашниот тренер изјави дека е задоволен од своите играчи.
„Јас сум задоволен од моите играчи. Во текот на натпреварот разликата беше околу 10 гола. За разлика од првиот натпревар , на овој ние бевме многу подобри, бидејќи во Унгарија поради повредени наши играчи, главно тимот го сочинуваа младинци“, изјави тренерот на МАКС Струмица Ванчо Трендафилов.,
Кон својот тренер се надоврза и играчот Соколов, кој потенцира дека на синоќешниот натпревар го дале својот максимум.
„Одигравме добар натпревар, онолку колку што можевме. Во Унгарија загубивме со поголема разлика, но сега бевме подобро подготвени, што можеше да се забележи и од нашата игра на теренот, изјави Борче Соколов.
Последниот натпревар во СЕХА лигата ракометарите на Макс Стумица го играат на 13 март против Нексе Нашице на домашен терен, а воедно тоа ќе биде и нивни последен обид да ја забележат својата прва победа во регионалното натпреварување.