• Горан Упале
Големото дерби на ракометна Полска сè уште е главна тема кај ракометната јавност. Киелце и Висла Плоцк повторно ја покажаа својата неспортска страна, а дуелот на најдобрите полски екипи ќе биде одбележан и по расистички скандал.
Имено, од редовите на Киелце обвинуваат дека противничкиот тренер Хавиер Сабате по мечот го нарекол Талент Душебаев – „е*ан Кинез“.
„Како клуб сакаме да истакнеме дека ваквото расистичко или етничко однесување и напади се неприфатливи во професионалниот спорт на највисоко ниво. Спортот треба да обединува, а не да ги засилува разликите. Ќе бараме темелно објаснување на ситуацијата од страна на надлежните органи на лигата, која никогаш не требаше да се случи за време на натпреварот од осмото коло на Супер лигата помеѓу Висла и Киелце“, се вели во соопштението на Киелце.
Инаку, натпреварот кој што имаше уште неколку скандали заврши со победа на Висла од 29-25.