• Мартин Танасковски

Екипата на ЖРК Металург Автокоманда имаше одличен старт на сезоната, важеше за еден од кандидатите за титула на домашната сцена, но целиот проект се распадна преку ноќ заради финансиски проблеми.
Ракометарките си заминаа, немаше буџет да се продолжи понатаму, па целиот тим кој имаше одлични имиња и високи амбиции, од тим за титула, дојде до момент да добие „црвен картон“ од РФМ и да биде исклучен од шампионатот на Македонија.
Металург Автокоманда двапати загуби службен натпревар со 10-0 затоа што не се појави, па така Дисциплинската комисија согласно правилникот го исклучи од понатамошно натпреварување, воедно му додели и казна од 60.000 денари.
Одговорното лице на Металург Автокоманда воедно нема право да пријави нов клуб и да врши дејност во ракометниот спорт во времетраење од три години, истото важи и за младинските категории.