• Иван Димовски
Ракометната репрезентација на Македонија се судри со Португалија во второто коло на Европското првенство. Избраниците на Кирил Лазаров добро го отворија мечот во „Јуске Банк Боксен“, а во преден план во првата четвртина од натпреварот беа бековите.
Од позиција средбен бек падна ефектен гол кој беше дело на Марко Митев. Организаторот на нашата игра во свој стил „потегна“ со низок скок, но испрати вистински проектил во противничката мрежа.
Младиот Митев во повеќе наврати низ кариерата знаел да дава слични ефектни погодоци.





