Од Египет, до Германија и Данска: Македонија се „чекира“ на шестиот Мундијал

Македонија одигра колку што беше потребно во Клуж и поради високата победа во Скопје се пласира на Светското првенство (СП) кое в година ќе се одржи во Германија и Данска, вкупно шести Мундијал за нашата репрезентација.

Првото учество на СП, Македонија го имаше во далечната 1999 година во Египет, каде заврши на 18 позиција. Дури десет години се чекаше за нареден, затоа што дојде во 2009 година во Хрватска, каде бевме 11. во светот.

Потоа, во 2013 се фати континуитет и се игра на четири СП во низа. Прво беше во Шпанија, каде Македонија заврши 14-та, па следеше Катар и деветтата позиција, а на последното во Франција, нашата најдобра селекција беше 15. пласирана.

Мундијалот во Германија и Данска ќе се игра в јануари и ќе биде првиот кој ќе се игра во две земји.