ОЧЕКУВАНО: Микел Хансен е МВП на ракометниот Мундијал

Данскиот ракометен репрезентативец Микел Хансен е прогласен за МВП на Мундијалот кој во изминатиот месец се одржа во Германија и Данска.

Данците се закитија со прва светска историска титула во својата историја, а Хансен беше вистински лидер. Одличниот шутер експлодира кога беше најпотребно, а во историското финале во кое се дојде до највиското одличје беше стрелец на седум гола.

Хансен воедно го завршува Мундијалот како најдобар стрелец, со вкупно 72 постигнати гола во противничките мрежи.

Скандинавската селекција го заврши ова Светско првенство на доминантен начин, со десет победи на десет меча и со 30 гола во просек на меч.