Обрван: Стравував на крајот да го извадам голманот, да не примиме гол по грешка!

Денес на петтиот натпревар на Европското првенство, селекторот Ивица Обрван користеше повеќе ракометари во ротација и се обиде да ги сведе на минимум ротациите во двете фази.

Нашиот селектор изјави:

Честитки на моите ракометари и на норвешките ракометари за одличниот меч. Водевме во поголемиот дел од мечот и затоа жалиме за прокоцканата можност за победа. Но, мора да бидам и задоволен, бидејќи ремито е извојувано против една многу добра Норвешка на овој турнир. Не се осудивме да го извадиме голманот во последнит напад, бидејќи се плашев да не испадне некоја топка и да загубиме.

По „фластерот“ на Кире добро реагиравме, но мислам дека останавме „пократки“ на други места. Кузмановски доби силен удар на почетокот. Филип Лазаров не можеше повеќе, по одличното прво полувреме. Наумче беше на антибиотици. Тоа се случуваше кога се кршеше резултатот. Мечот беше многу брз и интензивен. Ова беше петти натпревар, а одигравме четири меча на одличен начин. Оваа Норвешка не беше во Шпанија, Данска и Катар, сега се тука одлични и имаат континуитет. Им посакувам многу успех во продолжувањето на турнирот.

Македонија в среда во најраниот термин игра со Белорусија и по тој меч ќе биде познат нашиот финален пласман.