Обрван одлучи: Без Филип Лазаров против Франција

Филип Лазаров на последниот тренинг пред мечот со Франција

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Ивица Обрван обелодени дека капитенот на Вардар, Филип Лазаров, ќе биде ракометарот кој утре ќе се најде на трибините за мечот со Франција. Со оглед на тоа што противникот е физички многу моќна репрезентација, а Лазаров не е залечен, Обрван се одлучи да не ризикува.

„Филип се мачи со повреда на препоните, а бидејќи натпреварот со Франција носи жестоки дуели, решив да не се ризикува, бидејќи може да дојде и до посериозна повреда“, рече селекторот Обрван пред вечерашниот тренинг. 

Филип Лазаров нормално тренираше и целта е да се оспособи за мечот со Полска в недела, а да биде максимално подготвен за мечот со Србија.