Обрван: Македонија ми е мила, но Хрватска е фаворит за победата

Gol.mk на Светско првенство во ракомет 2019

Репрезентациите на Македонија и Хрватска попладнево од 18:00 часот ќе ги одмерат силите во рамките на третото коло на Мундијалот во Германија и Данска, а свое мислење за денешниот дуел даде и поранешниот македонски селектор, Хрватот, Ивица Обрван.

Според него, денешниот натпревар ќе биде тежок, но на крајот победата ќе ја однесат хрватските ракометари.

„Очекувам еден интересен натпревар, бидејќи ќе играме против тежок противник. Македонија мене ми е драга и мила репрезентација, бидејќи ја предводев од 2013 до 2016 година. Со Македонците имав настапи на две Рвропски и едно Светско првенство и мислам дека имавме одлични резултати, во рамките на нивните можности. Со целосен респект кон нив, сепак мислам дека ние сме фаворити и ако одиграме онака како што знаеме, тогаш сме навистина блиску до победата“, изјави поранешниот македонски селектор.

Македонија и Хрватска досега одиграла пет официјални натпревари, а нашата репрезентација има една победа од далечната 1997 година. Последниот дуел е одигран на ЕП во 2016 година, на кој Македонија беше поразена со убедливи 34-24, а токму тогаш наш селектор беше Ивица Обрван.

СП, Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ХрватскаХрватска 5 5 0 0 152:115 37 10
2 ШпанијаШпанија 5 4 0 1 142:114 28 8
3 ИсландИсланд 5 3 0 2 137:124 13 6
4 МакедонијаМакедонија 5 2 0 3 131:139 -8 4
5 БахреинБахреин 1 5 1 0 4 107:151 -44 2
6 ЈапонијаЈапонија 1 5 0 0 5 121:147 -26 0