• Саше Љолес
Екипата на Подравка и тренерот Ивица Обрван продолжуваат со одличните настапи во Лигата на шампионите и ја извојуваа четвртата победа во групата А, откако славеа во натпреварот од деветтото коло на групата Ф со 28-31 на гостувањето кај Никобинг.
Хрватскиот претставник на полувреме беше во егал (13-13), а клучната разлика ја создаде во самиот финиш, кога успеа со убава серија од четири гола да го осигура триумфот кој им дава одлична позиција за пласман во осминафиналето. Најефикасни ракометарки кај победничкиот состав беа Бркиќ и Плетикосиќ со по седум постигнати голови, а на спротивната страна ист учинок имаше Германката Фон Переира.
Во истата група романската Бистрица стигна до третата победа, овој пат над норвешиот Сторхамар со 31-28. Романките беа предводени од Шпанката Со Делгадо, која запиша седум гола, додека кај Сторхамар по шест гола постигнаа Солас и Ривас-Тофт.