Обрван го пријави Филип Лазаров место Пешевски

Капитенот на Вардар, Филип Лазаров, ќе дебитира на ова европско првенство вечерва против Полска. Селекторот Ивица Обрван го пријави во составот за вечерашниот натпревар од 20.00 часот.

Филип Лазаров ќе го заземе местото на Жарко Пешевски, па ќе бидат пријавени два кружни напаѓачи Стоилов и Никола Марковски. 

Лазаров не настапи против Франција откако се повреди на вториот контролен меч со Словенија. Синоќа тренираше со полна пареа и целосно му се стави на располагање на мат стручниот штаб.