• Зоран Мишевски

Македонскиот селектор Ивица Обрван им ја честита победата на противникот, но истакна дека задоволството треба да го чувствуваме сите по мечот.
„Можам да бидам задоволен со настапот за време на 55 минути од мечот. Игравме против најдобриот тим на светот и тие ги искористија сите грешки кои ние ги направивме. Мора да се свртиме кон наредниот противник и мечот со Полска. Се боревме долго време во егал, стативата на Прибак на крајот, па често кога сте така блиску се случува да загубите убедливо. Не можеме да бидеме задоволни со резултатот, но мораме да одиме понатаму. Кузманивски одлучивме да почне веднаш, без разлика што е дебитант, бидејќи моравме да намалиме една замена одбрана - напад. Добро реагираше и во напад и во одбрана, веднаш даде гол. Но сите треба да знаеме дека ако сакаме да добиеме играч, мора да истрпиме и добри и лоши моменти. Така е и со Пешевски и со Талевски. Видовме Пешевски дека е добар во напад, а во одбрана има уште многу да учи. Коцкање беше дали да игра Мојсоски или да калкулираме. Дискутабилна ситуација беше дали да влезе од клупата, но планот се „роди“ за време на самиот натпревар. Имаме два-три ракометари кои доста се потрошија и сега мора да се рекуперираме. Сега малку ќе ја видиме Полска во живо и јас останувам на идеја дека се еден од фаворит за медал “, констатираше Обрван.
Селекторот неколку пати на прес-конференцијата потенцираше дека е задоволен и горд на своите ракометари.