Обрван: Чувствувам страв од дуелот со Вардар и мислам дека тоа е добра работа

Десеттото коло од Лигата на шампионите носи дуел меѓу ППД Загреб и Вардар 1961. Македонскиот претставник има еден бод повеќе во однос на „плинарите“ и ќе се надева на прва победа на европската сцена по подолг период.

Ивица Обрван, поранешниот македонски селектор, вели дека чувствува страв поради важноста на оваа средба во Загреб.

„Вардар е силен противник, овој натпревар ја надминува самата Лига на шампиони, има регионален карактер. Ќе биде интересен и многу тежок натпревар и за нас и за Вардар. Шансите ни се еднакви, иако сме домаќини. Верувам во тимот и играчите. Се чувствуваме силни, полусезоната заврши и малку играчи се заситени со секојдневни обврски и патувања, но сме во позитивна серија на игри и бодови.

Како тренер сакам да истакнам дека се плашам од оваа средба и тоа го гледам како добра работа. Се среќаваат две концепции - од една страна се странци, а од друга страна еден хрватски концепт со еден вистински странец. Ова се две сосема различни концепции“, најавува Обрван.

Двете екипи имаат потреба од бодови, ако сакаат да ги зголемат шансите за нокаут фаза. Поради тоа се очекува голема борба на дуелот кој е закажан оваа среда.