Обрадовиќ го избра составот за ЕП: Поранешната вардарка Лекиќ прва ѕвезда

Љубомир Обрадовиќ, селекторот на женската ракометна репрезентација на Србија ги избра девојките со кои ќе настапи на претстојното Европско првенство во Данска

Во неговиот конечен список се најдоа 18 ракометари, меѓу кои место имаше за неколку дебитантки, како и за поранешната ѕвезда на Вардар, Андреа Лекиќ.

Составот на Србија за Европското првенство:

Голмани: Катарина Томашевиќ, Јована Рисовиќ и Кристина Граовац
Леви крила: Сања Радосављевиќ и Дијана Радојевиќ
Десни крила: Катарина Крпеж Шлезак и Жеjка Николиќ
Кружни напаѓачи: Слаѓана Поп Лазиќ, Јована Милојевиќ и Јелена Агбаба
Бекови: Јована Стоиjковиќ, Јована Јововиќ, Јелена Трифуновиќ, Кристина Лисчевиќ, Андреа Лекиќ, Јелена Лавко, Марија Агбаба и Анѓела Јанјушевиќ.

Србија својот прв натпревар на континенталниот собир го игра против Холандија в петок од 20:30 часот.