Обрадовиќ: Добив информации „од прва рака“ за ЖРК Чаир, нема да ги потцениме

Новиот тренер на Наиса oд Ниш, Љубомир Обрадовиќ повикува на претпазливост и максимален фокус пред првиот дуел од второто коло на Купот на ЕХФ против екипата на ЖРК Чаир во Скопје.

„Не смееме да бидеме надмоќни и да потценуваме противник. Одиме во Скопје да играме што подобро. Имаме одредени информации за противникот. Во тимот имаме и две македонски репрезентативци, па добивме информации „од прва рака“, посочи шефот на стручниот штаб на Наиса.

Бидејќи е само неколку дена во Ниш, тренерот Обрадовиќ вели дека ќе треба малку повеќе време за девојчињата да се прилагодат на неговиот принцип на работа, но додава дека е исклучително задоволен од посветеноста. Ваквиот однос донесе добро отворање на шампионатот, па Наиса стартуваше со убедлива победа против тимот на Раднички во Крагуевац со 23-32.

По гостувањето кај екипата на ЖРК Чаир, в сабота од 18:00 часот во Скопје, следната среда среда, на 14 октомври, Наиса ќе се сретне со екипата на Врбас на домашниот паркет во салата „Чаир“, а потоа следната сабота ќе игра реванш против македонскиот претставник.