Обложувалниците открија: Еве колкави шанси ѝ се даваат на Македонија на СП

Светското првенство во Египет 2021 ќе биде отворено со денешниот натпревар од групата во која игра Македонија. Домашната репрезентација ќе се сретне со Чиле во првиот натпревар на турнирот.

Нашата селекција ќе тргне против Шведска в четврток. Шансите за победа на овој меч се зголемени, со оглед проблемите со кои се соочува шведскиот тим. Кога се во прашање шансите за титула, обложувалниците се согласни дека на врвот меѓу фаворитите е Данска. Норвешка и европскиот првак се следни, а тука се уште Хрватска и Франција

Од останатите учесници како фаворити од сенка се гледа на Германија, Словенија, Египет, Португалија, Шведска, Исланд и Унгарија.

Македонската репрезентација е 14-ти фаворит за да направи изненадување и да ја освои светската круна. За тоа да го направи ќе мора да ја мине групната фаза, од која три селекции од групите патуваат во втората рунда.

Финалето на Мундијалот е закажано за 31 јануари, а титулата од пред две години ја брани Данска.