• Мартин Танасковски
Македонскиот тим Алкалоид и грчкиот АЕК од Атина ќе играат прво финале во Европскиот Куп на ЕХФ на грчко тло, а мечот ќе биде емитуван и на ТВ-екраните.
За првпат оваа сезона, европски дуел на Алкалоид ќе се емитува на националниот сервис. МРТВ ќе го пренесува финалето во Атина, по кое ќе следи реванш во Скопје.
Натпреварот меѓу АЕК и Алкалоид се игра во недела од 18:00 часот, а следниот викенд закажан е реваншот во СЦ „Борис Трајковски“.
Подобриот од двомечот ќе го добие трофејот во Европскиот Куп на ЕХФ.