Ново заминување кај шампионот, Димитриоски го напушта Вардар 1961?

Македонскиот шампион Вардар 1961 продолжува со активности на трансфер пазарот, па по разделбата со осум ракометари на натпреварот против Мателопластика, вчера попладне, најавено е уште едно заминување. 

По трансферот на полското крило Чувара, како и продолжувањето на договорот на неприкосновениот Дибиров, нема многу простор за повремениот репрезентативец Димитар Димитриоски. Така, младото крило ќе ја смени средината и ќе го напушти Вардар по две сезони, дознава Gol.mk. Димитриоски има договор уште една година и треба да разговара со клубот за својата иднина.

23-годишниот прилепчанец повеќе од пет години ги бранеше боите на клубот од Автокоманда. Прво настапуваше за Металург Јуниор, а три сезони беше дел од првиот тим на Металург, настапувајќи во Лигата на шампионите и СЕХА лигата. 

Вардар 1961 за комплетирање на преодниот рок ќе ангажира среден и десен бек, а најавен е и уште еден дефанзивец.