Ново странско засилување, Куманово потпиша со Црногорецот Ѓурашковиќ

Македонскиот суперлигаш Куманово доведе уште едно странско засилување во своите редови, со кои треба да го подигне квалитетот во тимот во битката за опстанок во македонската ракометна елита.

Нов член на кумановчани е Немања Ѓурашковиќ. Се работи за 22-годишен црногорски ракометер кој во македонскиот тим доаѓа од Германија, каде што ги бранеше боите на Котбус.

„Немања Ѓурашковиќ е искусен 22-годишен црногорски ракометар висок 190 сантиметри. Немања потекнува од Беране и настапуваше за Беране, Рудар, Хапоел Ришон Лезион од Израел и ЛХЦ Котбус од Германија, клуб од кој што доаѓа Куманово.

Освен клубско, тој има и репрезентативно искуство, како член на сите младински селекции на Црна Гора“, се вели во објавата на Куманово.

Kуманово перфектно го отвори плеј-аутот и по четири кола има исто толку победи. Тимот на Котевски утре во 12:30 часот во Битола игра против Еурофарм Пелистер во рамките од четвртфиналната група на Купот на Македонија