Ново име во Вардар: Трпчевски тренира под палката на Гонзалез

На тренингот на Вардар пред Кристијанштад во составот на Раул Гонзалез имаше ново име, во младиот Стефан Трпчевски, кој доаѓа напомош, поради здравствениот билтен кој го мачи европскиот шампион.

На десната бековска позиција „црвено-црните“ на располагање ги имаат Даинис Кристопанс и Хорхе Македа, но шпанскиот репрезентативец има проблеми со повреда. Поради тоа, Вардар не остави ништо на случајноста, па меѓу сениорите го повика младиот бек кој е дел од Вардар Јуниор.

Трпчевски би можел да биде во конкуренција за настап во СЕХА-лигата, но не и во Лигата на шампионите, затоа што не е регистриран за настап.