Ново големо признание за Томовски: Избран за голман на месецот во Бундеслигата

Македонскиот ракометен репрезентативец Мартин Томовски брани во фантастична форма во дресот на Лудвигсхафен и тоа во периодот кога тимот се бори за опстанок во германската ракометна елита.

Благодарение на неговите одлични настапи, Лудвигсхафен, фатим ритам во клучниот дел од сезоната и е на само еден бод од излез од опасната зона на табелата во Бундеслигата. На дуелот против Балинген нашиот голман забележа 17 интервенции, поради кои беше избран за голман на колото во германскиот шампионат, а денес доби уште едно индивидуално признание. 

Името на Томовски се најде меѓу најдобрите, односно тој е најдобриот голман во Бундеслигата за месец мај. 

23-годишниот чувар на мрежата ги минува последните денови како член на Лудвигсхафен, затоа што од следната сезона ќе го чува голот на Вардар.