Ново дерби за Начевски и Николов, ќе им судат на Франција и Шпанија

Најдобрата македонска ракометна судиска двојка, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов доби нова задача на Светското првенство во Шведска и Полска.

Имено, нашите арбитри одново се делегирани за дербито на денот на планетарнот шампионат. Начевски и Николов се делегирани да го судат големото дерби меѓу моќните Франција и Шпанија. Тоа ќе биде директен дуел за првото место во групата 1.

Двете селекции се максимални и имаат по четири победи на Мундијалот, па победникот од оваа средба како лидер ќе патува во четвртфиналето.

Натпреварот меѓу Франција и Шпанија се игра во „Таурон Арена“ во Краков од 21:00 часот.