Новиот суперлигаш со прв професионален договор за младиот Никола Тасев

Управата на новиот македонски суперлигаш, РК Младост, го потпиша првиот професионален договор со еден од најталентираните производи на својата ракометна школа, Никола Тасев, кој настапува на позициите лев и среден бек. 

На само 17 години, младиот Тасев направи голем чекор во својата кариера и ја доби довербата на клубот да биде дел од сениорскиот проект на Младост. Неговиот труд, посветеност и љубов кон клубот се наградени со професионален договор, што претставува уште еден доказ дека младинската школа создава добра иднина за македонскиот ракомет.

Во следниот период најавено е дека РК Младост 1977 ќе ги обнови договорите со сите домашни играчи кои ќе добијат зголемување на финансиските средства како награда за влез во елитното ракометно друштво.