Новиот селектор тргна во акција – „скенира“ играчи во Пролет

Кирил Лазаров ги заврши обврските со Нант, а сега е посветен на новиот предизвик и македонската ракометна репрезентација. Селекторот е веќе во Скопје, па веднаш се впушти во акција.

Лазаров во друштво со директорот Левче Китевски се присутни на натпреварот меѓу Пролет и Металург кој се игра во рамки на плеј-офот за разигрување за титула во македонското ракометно првенство.

Актерите на теренот се под будното око на Лазаров, а сигурно е дека тука има иден репрезентативен квалитет. 

Првата прозивка Лазаров како селектор ќе ја има утре (сабота), а првите натпревари се против Данска, еден на домашен и еден на гостински терен во рамки на квалификаците за ЕП 2022.