ВИДЕО: Новиот репрезентативец се распука – „десетката“ на Ѓоргиев во Прилеп!

Екипата на Голден Арт КЛ7 со голема победа ја започна битката за опстанок во ракометната Суперлига на Македонија. Младите момци на Игор Котевски со херојски триумф се враќаат од тешкото гостување во Прилеп, откако во натпревар со многу возбудувања и пресврти успеаја да слават со минимални 31-33 (16-16). 

Најзаслужен за првата радост на најмладиот суперлигаш беше новопечениот репрезентативец Игор Ѓоргиев. Младиот бек едноставно беше непогрешлив и покрај тоа што ја разигруваше својата екипа, во вистински момент се „распука“ и мечот со Прилеп го заврши со фантастични десет гола.

  • Головите на Ѓоргиев против Прилеп:

По вечерашниот брилијантен настап, веќе утре Ѓоргиев ќе му се стави на располагање на новиот селектор Кирил Лазаров за претстојниот квалификациски двомеч со Данска.