Новиот Пелистер силнo парираше, но Бутел првпат во историјата ја освои Битола

Во последниот натпревар од првото коло на машката Суперлига, Бутел среде Битола го совлада Пелистер со 24-26 (12-14) во драматичен и целосно израмнет натпревар. Дуелот започна 40-тина минути подоцна заради технички недостатоци, кои домаќинот ги отстрани. 

  • Комплетниот натпревар меѓу Пелистер и Бутел: 

Засилени со неколку позајмени ракометари од Еурофарм Работник, пелистерци започнаа одлично. Со Ивановски на голот и Дарио Петровски во организацијата на играта, полесно им беше и на староседелците Дрогришки и Иван и Васко Димитровски. 

Мина половина полувреме, а ниту една екипа не се одлепи на два гола разлика, а дури седум пати резултатот беше израмнет. Тогаш скопјани врзаа два гола преку Мајиќ и Мојсоски за 8-10. Даскалоски на голот беше сигурен, па екипата на Грчевски на одмор замина со 12-14.

Со одличен Ивановски на голот, Пелистер постигна четири неодговорени гола на почетокот од вториот дел и поведе со 16-14. Сепак, Бутел реагираше и со серија 6-2, благодарение на бековите и Мајиќ, стигна до +2 во 47. минута. Гостите делуваа разиграно, Пелистер и физички и емоционално падна. Следеше реакција во последните пет минути, но резултатот не се спушти под -2. Бутел на крајот славеше победа од 24-26. 

Најефикасни кај Пелистер беа Дарио Петровски со седум и Васко Димитровски со три гола, а кај Бутел се истакнаа Мајиќ со девет и Георгиевски со пет погодоци. Натпреварите од второто коло се играат веќе за време на викендот. 

Суперлига
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 МеталургМеталург 14 12 2 0 486:350 136 38
2 Охрид 2013Охрид 2013 14 12 1 1 404:313 91 37
3 Бутел СкопјеБутел Скопје 14 10 1 3 379:340 39 31
4 Пролет 62Пролет 62 14 9 2 3 440:371 69 29
5 РадовишРадовиш 14 7 1 6 412:408 4 22
6 Вардар ЈуниорВардар Јуниор 14 6 0 8 385:417 -32 18
7 Еурофарм Пелистер 2Еурофарм Пелистер 2 14 4 2 8 358:379 -21 14
8 Металург 2Металург 2 14 2 1 11 397:473 -76 7
9 РаботничкиРаботнички 14 1 1 12 399:504 -105 4
9 СтругаСтруга 14 1 1 12 323:428 -105 4