„Новиот“ Пелистер до гостински триумф кај грогираната Струга

Новиот тим на Пелистер ја забележа првата победа во ракометната Суперлига и на гостувањето кај Струга успеа да слави со 24-26 (11-12).

Дуелот се реши во финишот, по вистинска драма. Домаќините во овој меч влегоа грогирани, затоа што дел од ракометарите си заминаа, тимот останува и без тренер затоа што на излезна врата е Илија Темелковски, но и тоа не беше проблем да се намачи гостинот од Битола.

На полувремето резултатот беше 11-12, а во вториот дел во кој претежно се играше гол за гол, поумешни беа ракометарите на Пелистер, кои во финишот се одлепија на 20-24 и дојдоа до посакуван триумф. Вреди да се напомене дека Струга на крајот дојде на еден гол негатива, но, немаше сила барем за реми.

Најдобри стрелци во тимот на Александар Зарков беа Стефан Талевски и Андре Буторац со по шест гола, а четири погодоци постигна Дарио Петровски. Кај домаќините по шест гола впишаа Новаковиќ и Кузманоски.

Пелистер во следното коло ќе биде домаќин во Битола и ќе го пречека Охрид, додека Струга ќе гостува на жешкиот терен во Радовиш.

Суперлига
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 МеталургМеталург 6 5 1 0 205:150 55 16
2 Пролет 62Пролет 62 6 4 2 0 177:163 14 14
3 Охрид 2013Охрид 2013 5 4 0 1 135:110 25 12
4 Бутел СкопјеБутел Скопје 5 4 0 1 143:122 21 12
5 РадовишРадовиш 6 3 0 3 190:183 7 9
6 Вардар ЈуниорВардар Јуниор 6 2 0 4 156:185 -29 6
7 ПелистерПелистер 5 1 2 2 117:123 -6 5
8 РаботничкиРаботнички 5 1 1 3 147:171 -24 4
9 СтругаСтруга 6 0 1 5 142:168 -26 1
10 Металург 2Металург 2 6 0 1 5 182:219 -37 1