Нови пет гола на Радуловиќ, ама Шампион немоќен против Пелистер

Женскиот ракометен клуб Шампион забележа уште еден пораз во новата сезона на Суперлигата, откако на свој терен загуби од екипата на Пелистер, со резултат 29-31 .

Во дербито од четвртото коло во мак-елитата пелистерки покажаа поголема желба за победа, а истата не ја доведоа во прашање уште самиот почеток на натпреварот. Битолчанки одлично отворија и веднаш го презедоа водството. 

Во одредени моменти позитивата на гостинките достигна до плус седум, за на крај Шампион предводен од расположените Димитриевска и Радуловиќ да се избори за пристоен пораз од два гола разлика.

Легендарната Вале одново забележа пет погодоци зад своето име, додека Димитриевска беше фантастична со девет. Девет кај Пелистер имаше Јанкуловска, а еден помалку имаше Наумовска.

  • Комплетниот натпревар меѓу Стружанка и Овче Поле: 

Во вториот натпревар ЖРК Стружанка славеше над Овче Поле СУ (24-20). Ивана Затуроска постигна десет гола кај домашните, додека кај гостинките Велковска и Павловска реализираа по четири пати.