Нови одложувања во групата на Металург, вирусот ги „покоси“ Висла и Чеховски Медведи

Проблемите со коронавирусот никако да стивнат во ракометниот свет. Поради честите и бројните заразени ракометари, голем дел од планираните натпревари се одложуваат, па затоа некои екипи имаат одиграно само неколку дуели оваа сезона, што секако е голем проблем и за самиот тим и за лигата каде што учествува. 

Последните информации кои доаѓаат од Европската куќа на ракометот (ЕХФ) се дека Висла и Чеховски Медведеи нема да ги одиграа натпреварите кои беа закажани за следната недела. Полскиот тим требаше да се судри со Адемар Леон, додека Русите требаше да гостуваат во Франција кај Тулуз.

Но, откако овие натпревари и официјално беа одложени, Адемар и Тулуз нема да останат без европски дуел, затоа што добија дозвола во вторник да го одиграат својот меѓусебен натпревар, кој требаше да биде дел од осмото коло во Европската лига.