Нови детали за допинг-скандалот: Портнер бил позитивен на метамфетамин?

Германските медиуми изнесоа нови информации околу наводниот допинг-скандал поврзан со голманот на Мадгебург, Никола Портнер. 

Според соопштението од Националната анти-допинг агенција, чуварот на мрежата бил позитивен на неколку недозволени супстанци, меѓу кои и метамфетамин, кој во светот е попознат како „кристален мет“. 

Нови примероци од крвта на ракометарот се веќе испратени до уште две независни лаборатории, а конечните резултати се очекуваат до крајот на следната недела. Доколку сето ова се потврди, Портнер би можел да заработи долгогодишна суспензија, а воедно ќе мора да плати и парична казна од најмалку 50.000 евра. 

Швајцарскиот голман веќе неколку пати на социјалните мрежи пишуваше дека е шокиран од допинг-скандалот и најави жалба до сите инстанци преку својот адвокатски тим.