Новата сезона почнува како што заврши старата: Големите ривали во битка за Суперкупот!

Новата сезона во македонскиот ракомет ќе започне на идентичен начин како што заврши старата. Еурофарм Пелистер ја освои третата шампионска титула во низа, што автоматски значи дека ќе се сретне во Суперкупот со екипата на Вардар 1961 во ново мега-дерби. 

Битолчани со огромен триумф во Скопје првпат го кренаа трофејот на теренот на вечниот ривал, додека Вардар беше подобар во Купот на Македонија и повторно ќе ги „вкрсти копјата“ со зелено-белите на стартот од сезоната. 

Познато е дека Суперкупот ќе се одигра во септември, но останува да биде одреден конкретниот датум на натпреварот. Во секој случај, македонската публика ќе има нова можност да проследи уште еден прекрасен ракометен спектакл во режија на двата најдобри клуба од нашата држава. 

Најнови вести од
Суперкуп на Македонија, Македонија