Новата бундес-сезона почна во знакот на „зебрите“ - Кил го освои Суперкупот!

Првиот натпревар сезонава меѓу двата клуба кои го одбележаа германскиот ракомет минатата натпреварувачка сезона, му припадна на Кил. „Зебрите“ беа подобри од шампионот Магдебург во Суперкупот и извојуваа победа од 36-33 (16-16). Со оваа победа Кил стана првиот клуб кој трипати по ред го освоил овој трофеј, откако тоа претходно го направи само уште Рајн Некар Левен.

До дванаесетатта титула, Кил го предводеше Никола Билик. Австриецот беше најдобар поединец на натпреварот, и не само поради своите осум гола. Пред 6.000 навивачи во Дизелдорф, победникот на Купот доминираше против шампионот во Бундеслигата до самиот крај на првото полувреме, кога Магдебург прв и единствен пат поведе. Сепак, избраниците на Филип Јиха ја вратија контролата на почетокот на вториот дел, но не успеаја да стекнат повеќе од три гола предност.

Голманот Мрква одбрани седмерец при резултат 34-32 во финишот и го одби последниот обид на Магдебург да се врати во натпреварот.

Утре започнува новата сезона на најсилното национално првенство во светот, а Македонија ќе ја претставува Филип Кузмановски во дресот на Хановер и Филип Миркуловски во стручниот штаб на Вецлар