Нова незгодна повреда на Циндриќ, му се заканува крај на сезоната

Еден од најдобрите ракометари на полскиот шампион Киелце, Лука Циндриќ заработил тешка повреда и го очекува долга пауза, денес откри директорот на хрватската ракометна репрезентација, Игор Вори. 

Засега, сè уште не е познато за каква повреда станува збор. Средниот бек во изминатиов викенд играше за Киелце против Мотор Запорожје во Лигата на шампионите. Постигна три гола, но како што вели Вори најверојатно и последни во оваа сезона. 

„За жал, утрово пристигнаа лоши вести од Полска. Лука Циндриќ се повреди и по информациите кои ги добив го очекува нова долга пауза. Му посакувам побрзо заздравување, бидејќи тој е еден од најдобрите наши ракометари“, рече Вори. 

Повредата на Циндриќ доаѓа и во незгоден период за хрватскиот национален тим, бидејќи во претстојната ЕФХ недела го очекува двомеч со големиот ривал Србија.