Нова победа со половина сили на шампионот, Еурофарм Пелистер пресилен за Голден Арт

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја запишаа втората победа во вториот домашен натпревар во два дена во рамките на групата Б на Суперлигата. Момците на Јовиќ и Шундовски и со комбиниран тим го совладаа Голден Арт со 21-37 (17-10). Околу 500 гледачи во спортската сала „Боро Чурлевски“ видоа убав ракомет и атрактивни потези.

  • Комплетниот натпревар меѓу Голден Арт и Еурофарм Пелистер: 

Битолчани почнаа моќно и со три гола на Борзаш и три на Петровиќ поведоа со 6-2. Следеша реакција на Даев, Ончев и Шилегов и Голден Арт се доближи до 10-8. Сепак, во втората половина од првиот дел се разигра Емилијан Ѓорговски, постигна четири гола и на одмор шампионот замина со 17-10.

Второто полувреме започна со ротација на домашниот стручен штаб и одржување на предноста. Крилата Кузманоски и Костески го полнеа голот на Даскаловски, а посебно расположен беше Ѓорѓгосвки, автор на неколку атрактивни гола. Руди Сери ги исвои срцата на гледачите со дла гола и знаци на целосна рекуперација.

Најефикасни кај Еурофарм Пелистер беа Ѓорговски со осум и Васиљев со шест гопла, додека во тимот на Голден Арт се истакна Шилегов со шест погодоци. Јовиќ и Шундовски им дадоа слободен ден на Лесјак, Кисум, Цехте, Павле Атанасијевиќ...Веќе в среда следи дуел со германскиот шампион Кил во рамките на Лигата на шампионите во Битола, а следниот викенд суперлигашко гостување во Неготино, 

Ракомет
Суперлига 2023/24
Група Б – трето коло

Голден Арт – Еурофарм Пелистер 21-38 (10-17)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола
Гледачи: 500
Судии: Мирко Трајковски и Александар Вукашиновски

Голден Арт:
Даскаловски, Спасовски, Трајковски, Ончев 4, Глигоров, Даев 2, Стаменковиќ 2, Шилегов 6, Јанковски, Гошевски 2, Миланов, Лешникоски, Божиновски, Милошески 3, Дрпљанин 2, Гајиќ
Седмерци: 1/1
Исклучувања: 4 минути

Еурофарм Пелистер: 
Гедбан, Кизиќ, Кузманоски 3, Тајник 2, Борзаш 6, Радивојевиќ 2, Костески 1, Васиљев 6, Петровиќ 5, Пет. Атанасијевиќ 2, Ѓорговски 8, Нилсен, Пешевски 1, Сери 2
Седмерци: 1/1
Исклучувања: 2 минути