Нова победа на Рајн Некар Левен, Талески пак со епизодна улога

Германскиот шампион Рајн Некар Левен забележа втора победа во четири дена, откако по триумфот над Висла во четвртокот во рамките на Лигата на шампионите, денес го совлада Либек со 36-27 (19-17) во натпревар од 5. коло на Бундеслигата. 

Талески одигра само неколку минути и имаше само еден неуспешен обид во натпреварот. Швајцарецот Шмит со 9 гола беше прво име на средбата, а поддршка имаше од Пекелар, кој постигна 7 гола.

Во поразениот состав на Либек се истакнаа Марко Багариќ со 7 постигнати гола. Со три победи и еден пораз, Рајн Некар Левен полека се качува кон врвот на табелата во Бундеслигата.