• Горан Упале
Македонскиот ракометар Никола Костески повторно блескаше на австрискиот паркет. Поранешниот репрезентативец имаше нов забележителен настап во дресот на новиот клуб Холабрун, каде што се пресели непосредно пред стартот на новата сезона.
Одличното десно крило со шест гола, сите од игра, беше втор стрелец на својот тим, но Холабрун немаше сили во финишот и загуби на гостувањето кај Леобен со 31-29 во рамки на Австриската челинџ лига (втора лига).
Холабрун и на овој натпревар не можеше да смета на искусниот Влатко Митков, кој поради повреда одново остана на трибини.