Нова моќна партија на РК Алкалоид, со 35 гола разлика го доби Кичево

Ракометарите на Алкалоид продолжија со добрите партии во Првата лига на Македонија, па останаа максимални откако го декласираа и РК Кичево 2020 со 56-21 (26-11). 

Екипата која од клупата ја предводат Билјана Црвенковска и Љубомир Савевски тргна одлично, со серија од 6-0 го отвори дуелот и ја најави победата. Кичевчани немаа сили да се надигруваат со фаворитот, предноста растеше сè повеќе и бргу дојде до високи 15-2. На полувреме разликата беше уште поубедлива, бидејќи Алкалоид водеше со +15. 

Ниту во продолжението работите на теренот не се променија, па гостинската мрежа се наполни „до врв“. Алкалоид одигра моќно, сигурно и дојде до убедливо славје од дури 35 гола разлика. 

  • Комплетниот натпревар меѓу Алкалоид и Кичево: 

Најефикасен во победата на Алкалоид беше Дарио Кофиловски кој даде седум гола, шест постигнаа Мартин Серафимов и Михајло Костовски, додека по пет Иваноски, Симоноски и Стојков. Кај гостите со по шест гола се истакнаа Тасески и Наумовски.