Нова „ѕверска“ партија на Томовски, 14 одбрани против моќниот Фуксе Берлин!

Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски продолжува да брани во извонредна форма во Бундеслигата.

По одличното издание против Магдебург, против кого запиша дури 16 интервенции, Томовски повторно беше меѓу најдобрите поединци на Битигхајм, овојпат против големиот фаворит Фуксе Берлин. Берлинскиот состав до победата стигна со минимални 32-31, иако домаќинот предводен од македонскиот чувар на мрежата долго време му парираше на фаворитот.

Томовски натпреварот го заврши со 14 одбрани, додека на спротивната страна првата ѕвезда на Фуксе, Матијас Гидсел со шест гола.

Македонскиот голман сезонава е еден од најзабележителните поединци во тимот на Битигхајм. Официјалната статистика на Бундеслигата му бележи 69 одбрани на шест натпревари, со просек од 26,34 проценти.