• Саше Љолес
Македонските ракометни судии Димитар Митревски и Благојче Тодоровски добија нова одговорна задача и ќе ја делат правдата на реномираниот турнир „Трофеј Карпати“, кој ќе се одржи во романскиот град, Баја Маре.
Турнирот ќе се одржи во периодот помеѓу 31 октомври и втори ноември, а учество ќе земат репрезентациите на Романија, Грузија, Украина и Словачка. Овој престижен турнир ќе биде одлична подготовка за селекциите пред продолжението на квалификациите за Европското првенство.
Нашите судии најпрво ќе го одработат мечот помеѓу Романија и Украина, кој ќе се одигра на 31 октомври, а ден подоцна ќе ја делат правдата на натпреварот во кој се среќаваат Романија и Грузија.
За Митревски и Тодоровски ова е уште едно големо признание за нивната работа, откако претходно ја добија честа да судат натпревари од Лигата на шампионите, а следната година ќе бидат дел и од Европското ракометно првенство.