• Горан Упале
Екипата на Потсдам забележа уште еден пораз во германската Бундеслига, и покрај тоа што Мартин Томовски имаше уште една блескава партија меѓу стативите.
Дваесеттиот пораз на „фенерџијата“ во германската елита му го нанесе тимот на Битигхајм, кој пред својата публика и драматична завршница славеше со 30-28, на полувреме 12-14. Гостите иако подобро го отворија натпреварот и во првото полувреме имаа предност од дури шест гола разлика (3-9), во второто домаќинот навремено се разигра и забележа важна победа во битката за опстанок во Бундеслигата.
Македонскиот голман беше одличен на голот на Потсдам. Натпреварот го заврши со двоцифрен број на одбрани и на ривалот му фати десет топки. Сепак, ниту тоа не беше доволно за неговиот тим да ја запише само втората победа во сезоната, откако во претходното коло го „скрши мразот“ и славеше над Штутгарт.