Нов удар за Вардар: Ѓукиќ се повреди, соиграчите на раце го изнесоа од терен (ВИДЕО)

Maкедонскиот ракометен шампион, Вардар 1961, забележа уште една сигурна победа во новата сезона во Суперлигата. „Црвено-црните“ во Прилеп славеа со убедливи 19-34, но немаа многу причини за славје, затоа што може долг период да останат без услугите на српското крило Дарко Ѓукиќ.

На самиот старт од вториот дел, Ѓукиќ при еден напад како десен бек, незгодно доскокна и настрада неговото колено. Лекарскиот тим на вардарци експресно реагираше, а Ѓукиќ на рацете на соиграчите беше изнесен од терен.

  • Повредата на српскиот ракометар во Прилеп:

Сите во Вардар се надеваат на најдобро сценарио, бидејќи ако се испостави спротивното ќе останат без уште еден клучен ракометар во својот ростер. Во составот на шампионот веќе подолг период го нема хрватскиот среден бек Анта Гаџа, кој се повреди уште минатата сезона.