Нов термин за Суперкуп мечот меѓу Вардар и Металург! 

Вардар и Металург за првиот овосезонски трофеј ќе се борат во нов термин, откако Ракометната федерација на Македонија реши наместо од 17:00 часот, скопските ривали да се судрат во 20:30 часот.

Местото и датумот на одигрувањето на дуелот меѓу победникот на Купот и шампионот не е променето, па така на 18 септември Спортската сала во Куманово ќе го даде новиот освојувач на Суперкупот на Македонија. 

Токму во оваа сала, лани младиот тим на Металург приреди големо изненадување и му нанесе неочекуван пораз на Вардар во финалето, со што го грабна Куп-трофејот.