• Саше Љолес
Францускиот женски ракомет се најде во голем скандал поради сериозни санкции што ги воведе Националната контрола на спортска дисциплина. Неколку клубови во највисоката и во втората лига добија строги казни поради финансиски и административни неправилности.
Во елитната лига, на клубот Тулон му беа одземени пет бодови, што може драматично да влијае на нивната борба за опстанок. Другиот клуб, Самбр Авенју, доби условна казна од два бода, што значи дека при понатамошни прекршоци може веднаш да следува негативна последица.
Во втората лига, три екипи исто така беа санкционирани: На Сен Грегоар Рен му беа одземени два бода (плус условно уште два), Атлетик Беглајт доби условни три поена, а клубот Ла Рош Сир Јон Ванде доби двојна казна со условно одземање три поена и загуба на можноста за пласман во елитата, дури и ако постигне добри резултати.
Одлуките јасно испраќаат порака дека финансиската дисциплина и транспарентното управување стануваат клучни услови за учество во француските ракометни натпреварувања, без оглед на резултатите на теренот.