Нов шок за ЦСМ Букурешт: Поранешните вардарки загубија во романскиот шампионат

По поразот од Рамницу Валчеа во Суперкупот на Романија на стартот на сезоната, тимот на ЦСМ Букурешт, доживеа шокантен пораз од истиот противник и во петтото коло во шампионатот со 19-22.

Гостинките го направија првиот чекор кон победата во првиот дел, кога поведоа со 9-13, а во второто полувреме успешно се носеа со силниот противник, за кој не играше поранешната вардарка Андреа Лекиќ.

Домаќинките се обидоа да се вратат во игра, но не успеаја да направат комплетен пресврт и да се изборат за победа.

Јованка Радичевиќ беше најпрецизна со шест погодоци, Барбара Лазовиќ даде два, додека Драгана Цвијиќ само еден. Во ростерот на Валчеа, настапи и Марија Петровиќ, уште една екс вардарка, а даде два гола.