Нов проблем за Вујовиќ: Кудуз го пропушта гостувањето во Елверум

На само неколку дена до дебито во Лигата на шампионите и дуелот во Норвешка против Елверум, македонскиот претставник Вардар 1961 се соочува со голем проблем. Имено, заради повреда на зглобот Хрватот Анте Кудуз не тренира веќе некоклку дена и нема во вторник да отпатува за Норвешка.

Левиот бек играше само на два официјални натпревари за Вардар 1961, а го пропушти Суперкупот на Македонија. Хрватот роден во Осијек чувствува болка и нема да ризикува да ја влоши состојбата на својата повреда. Во негово отсуство се очекува шанса да добијат Талески и Диало.

Неизвесна е ситуацијата со Едуардо Гурбиндо, кој има понуда од Динамо Букурешт и брзо мора да одлучи дали ќе ја прифати или ќе остане во Скопје. Желбата на Шпанецот е да замине за Романија, но договорот го врзува со Вардар до јуни 2024 година и последниот збор го има скопскиот клуб.

Натпреварот Елверум - Вардар 1961 се игра в среда од 18:45 часот.